Руска опозиционерка осудена на две години условна казна затвор

од Stefanija Kuzmanovska

Руската опозиционерка Јулија Гаљамина е осудена денеска на две години условна казна затвор.

Таа беше осудена за чести прекршувања на законот за време на организирање протести на опозицијата.

Гаљамина е советник во градската администрација во Москва и критичар на Кремљ.

Учествуваше во кампањата против уставните измени што му овозможија на претседателот на Русија, Владимир Путин, да остане на власт до 2036 година.

Обвинителството побара тригодишна затворска казна, а Јулија Гаљамина ги отфрли обвинувањата и оцени дека се политички мотивирани, најавувајќи дека ќе поднесе жалба на пресудата.

Иако избегна затвор, Гаљамина нема да може да учествува на парламентарните избори следната година и ќе ја изгуби советничката позиција во градската администрација во Москва, пренесува Ројтерс.

Слични содржини