Руската амбасада во Лондон бара средба со министерот Борис Џонсон

од Vladimir Zorba

Амбасадата на Русија во соопштени наведува дека односите со британското министерство за надворешни работи се „тотално незадоволителни“ и оти е крајно време за разговор меѓу амбасадорот Александар Јаковленко и министерот Џонсон. Побараа состанок со британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон за труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија.

Британската страна соопшти дека ќе одговори на барањето „во догледно време“.

Скрипал беше отруен со нервен отров на 4 март во Солсбери. Лекарите соопштија дека нивната состојба се подобрува. Велика Британија ја обвини Русија за труењето, но Москва негира. Труењето предизвика дипломатска криза меѓу Москва и Западот./РСЕ

Слични содржини