Руски активисти организираа митинг во Љубљана за поддршка на Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Неколку десетици руски активисти денеска организираа митинг на плоштадот Прешерен во Љубљана за да ја изразат својата поддршка за Украина, пренесува СТА.

Тие порачаа дека руската воена агресија мора да заврши и дека Русите мора да се спротивстават на режимот на претседателот Владимир Путин.

Слово, движење на руски граѓани во Словенија, кое се спротивставува на руската агресија и владеењето на Путин, истакна пароли како „Денес Украина, утре Словенија“, „Путин е окупатор и терорист“ и „Стоп за војната“.

Слични содржини