Руски авион ИСЧЕЗНА над Камчатка со 29 лица

од Stefanija Kuzmanovska

Руското министерство за кризна состојба истражува што се случило со авионот Антонов Ан-26 по прекинувањето на комуникацијата. Авионот исчезна над Камчатка, а во него летаа шест члена на екипажот и 23 патници.

„Срна“ наведува дека меѓу патниците има едно дете.

Рускиот авион Ан-26 изгубил комуникација за време на летот од градот Петропавловск-Камчатски до Палана, објавија службите за итни случаи.

Беше прогласена тревога и беа ангажирани хеликоптер и војници на министерството за одбрана. Руското министерство за кризи соопшти дека ги истражува деталите за да открие што се случило со авионот.

Се подготвува операција за пребарување и спасување.

Слични содржини