Руски бомбардер падна во Азовското Море

од Stefanija Kuzmanovska

Руски борбен авион се урна во Азовското Море, во близина на рускиот град Јејск во Краснодарската област, изјави за руските медиуми неименуван претставник на службата за итни случаи.

Изворот наведува дека пилотот успешно се катапултирал, пренесува РИА Новости.

„Ројтерс“ објави дека се работи за авион Су-25 и дека пилотот е спасен од водата.

Во декември минатата година, руски борбен авион Су-25 мораше принудно да слета поради дефект или оштетување. На социјалните мрежи се појави снимка од слетувањето на авионот на пистата, додека зад него се гледаат пожар и искри предизвикани од триењето меѓу металната површина на авионот и бетонот.

Слични содржини