Рускиот патријарх повика на прекин на огнот во Украина за време на Божиќ

од Nikola Popovski

УКРАИНА го отфрли повикот на Кирил, патријархот на Руската православна црква, за примирје меѓу Русите и Украинците за време на православниот Божиќ. „Тоа е цинична замка и елемент на пропаганда“, напиша денеска на Твитер Михајло Подољак, советник на украинскиот претседател.

Руската православна црква делува како „воен пропагандист“, додаде тој. Подољак го обвини московскиот патријарх дека повикува на геноцид врз Украинците.

Патријархот ја опиша војната како „внатрешен конфликт“

Кирил денеска ги повика двете страни да го прекинат огнот во, како што рече, „внатрешниот конфликт“. „Јас, Кирил, Патријархот Московски и на цела Русија, апелирам до сите страни вклучени во конфликтот да го прекинат огнот и да воспостават божиќно примирје од 6 јануари во 12 часот до 7 јануари во 24 часот, за православните да можат да присуствуваат на богослужбите на Бадник и Божиќ“, порачал тој.

Православните христијани, вклучително и оние кои живеат во Русија и Украина, го слават Божиќ на 7-ми јануари. Русија, која ја нападна соседната земја кон крајот на февруари и го анектира полуостровот Крим во 2014 година, сега контролира околу 18 отсто од територијата на Украина.

Слични содржини