Руските подморници испалија ракети на позиции на ИД

од desk2

Руските подморници со кртстосувачки ракети ги нападнале позициите на Исламска Држава во источниот Медитеран, соопшти руското Министерство за одбрана.

2Подморниците Велики Новогород и Колпино лансираа крстосувачки ракети на важни мети на ИД во Сирија = командниот центар и центарот за комуникации и складиштата со оружје и муниција во подрачјата југоисточно од градот Деир ез-Зор“, се наведува во соопштението, пренесе ТАСС.

Од позиција на површината лансирани се седум крстосувачки ракети, а метите биле на оддалечност од 500 и 670 километри, а потврдена е и елиминацијата на сите означени мети.

Слични содржини