Русковска за барањето за меѓународна истрага: Колку пати треба да се копа по раните на семејствата и оштетените?

од Nikola Popovski

Барањето на меѓународна истрага за политички монтирани судски процеси е крајно политичко и задира во Обвинителството и судството. Не смееме правото и судството да ги мешаме, посебно што овие кривични дела, за кои се водеа постапките, не спаѓаат во кривичните дела против човечштвото и меѓународното право, вели шефицата на ОЈО за гонење на организиран криминал, Вилма Русковска во интервју за ТВ Телма, за договорот на премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернатива Африм Гаши околу барањето на меѓународна истрага за политички сомнителни судски процеси.

Таа потенцира дека нема никаква законска основа да се бара повторување или меѓународна ревизија за овие кривични дела.

-Предметот за „Диво Насеље“ е во Врховниот суд, од причина што таму има изречено повеќе казни доживотен затвор и во тој случај постапката е тристепена. Ова е политичко влијание врз одлуката на Врховниот суд, што треба да се донесе. Политичарите треба да бидат многу внимателни во давањето вакви изјави. Не смеат да си дозволат да коментираат било што за предмет, кој е правосилно завршен, истакнува Русковска.

Шефицата на ОЈО е категорична дека ова е недозволиво.

-Колку пати треба да се копа по раните на семејствата и на оштетените, изјави Русковска.

Слични содржини