САД донираа воена опрема на Косовските безбедносни сили 

од desk4

 

Американската воена команда во Европа донираше 190.000 американски долари на таканаречените разузнавачки системи на Косовските безбедносни сили (КБС). Ова на својот фејсбук профил го објави Американската амбасада во Приштина. Напиша дека опремата ќе служи за заштита на сите граѓани што живеат на Косово.
– Зајакнување на КБС за подобра заштита на сите жители на Косово. Благодарение на американската воена команда во Европа, американската амбасада во Приштина донираше повеќе од 190.000 долари во системи за откривање на рендгенски зраци и друга опрема, како и во обука на припадниците на Единицата за отстранување на експлозивни средства за КСФ за правилна употреба на овие системи – објави Амбасадата.

Слични содржини