САД, ЕУ и Велика Британија повикуваат на смирување на тензиите меѓу Израел и Палестинците

од Stefanija Kuzmanovska

Земјите ширум светот повикаа на прекинување на повеќедневниот конфликт меѓу Израел и Палестинците.

Соединетите држави, Европската унија и Велика Британија ги повикаа Израел и Палестинците што побрзо да ги смират тензиите, пренесува Би-Би-Си.

Насилството ескалираше во понеделникот вечерта кога израелската војска објави дека изведува воздушни напади врз Газа како одговор на ракетните напади претходно извршени од Газа кон израелските градови.

Палестински здравствени власти во Газа соопштија дека во нападите загинале 24 лица, од кои девет деца. Израелската армија наведува дека меѓу убиените има најмалку 15 припадници на групата Хамас што владее со Газа.

Хамас се закани со напад откако во понеделникот стотици Палестинци беа повредени во судирите со израелската полиција на свето место во Ерусалим.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека Хамас „ја преминал границата“ и дека Израел остро ќе одговори.

Во последните неколку дена е забележано најтешкото насилство во Ерусалим во последните неколку години.

Слични содржини