САД најавуваат нова воена помош за Украина во вредност од три милијарди долари

од Stefanija Kuzmanovska

Соединетите Американски Држави денеска треба да објават нов пакет воена помош за Украина од околу три милијарди долари, јавуваат агенциите повикувајќи се на неименувани официјални лица.

Тоа би бил најголемиот поединечен пакет американска безбедносна помош за Украина од почетокот на рускиот напад пред шест месеци, а најавата за новата помош ќе се совпадне со прославите на Денот на независноста на Украина.

Пакетот ќе биде финансиран со средства од Иницијативата за безбедносна помош на Украина, која беше усвоена од Конгресот за да ѝ се овозможи на администрацијата на претседателот Џозеф Бајден да набавува оружје од индустрискиот сектор, а не од постоечките американски залихи, пренесува „Гласот на Америка“.

Слични содржини