САД се надеваат на дипломатско решавање на ситуацијата околу Украина

од Milan1

САД продолжуваат да се надеваат на дипломатско решавање на ситуацијата околу Украина, изјави американската потпретседателка Камала Харис во денешниот говор на безбедносната конференција во Минхен.

– Сè уште сме отворени за дипломатско решение. Но, ако тоа не се случи, тогаш ќе има последици. И тие ќе бидат тешки и молскавично брзи, рече Харис.

Според неа, САД се надеваат дека дипломатските преговори нема да влезат во ќорсокак. Во исто време, сепак, таа рече дека Русија „продолжува да го стеснува прозорецот на можности за дијалог”.

САД, НАТО и нивните партнери се посветени на сериозен дипломатски дијалог со Русија, рече Харис, додавајќи дека Вашингтон „даде конкретни предлози” до Руската Федерација.

– Ја активиравме Русија во дијалог со помош на НАТО, ОБСЕ и Обединетите нации. Постапивме и постапуваме од позиција на добра волја. Руската Федерација продолжува да вели дека е подготвена за дијалог, но во исто време го скратува патот кон дипломатијата. Нивните постапки не се совпаѓаат со нивните зборови, рече таа.

 

Слични содржини