Саинц победи на трката за Големата награда на Австралија

од Vladimir Zorba

Шпанскиот возач на Ферари, Карлос Саинц утрово победи на третата сезонска трка во шампионатот во Формула 1 за Големата награда на Австралија на патеката во Мелбурн.

Во Мелбурн Саинц ја оствари првата победа сезонава, а трета во кариерата. Тој постигна време од еден час, 20 минути и 26.843 секунди.

Шпанецот ја пропушти трката за Големата награда на Саудиска Арабија пред две недели, бидејќи на 8 март имаше операција на слепо црево.

Доби лекарска дозвола за учество во Австралија, а потоа успеа да триумфира во Мелбурн.

Слични содржини