Сакаа да стекнат колективен имунитет, а сега имаат највисока стапка на смртност во светот

од Nikola Popovski

Стапката на смртност од коронавирус во Велика Британија во изминатата недела е повисока отколку во Франција и Италија заедно.

Шведска е на второто место во светот во однос на стапката на смртност во последните седум дена, зад Велика Британија.

За време на последните 24 часа во Велика Британија, други 118 лица починале како резултат на инфекција со вирусот,а вкупно 36.793 од почетокот на епидемијата.

Најголем број на смртни случаи од Ковид-19 во светот е регистриран само во САД – 99.805.

И покрај тоа, бројот на смртни случаи на милиони жители е поголем во Велика Британија отколку во САД, кој има поголем број на смртни случаи, но и поголем број на жители.

Од 20 мај, дневниот број на смртни случаи од коронавирус се намалува во Велика Британија и САД, бидејќи карантинските мерки и другите превентивни мерки почнуваат да даваат резултати.

Сличен тренд може да се забележи во Франција и Италија.

Бројот на потврдени случаи на инфекција во овие земји исто така опаѓа, што значи дека бројот на починати од нејзините последици ќе биде помал. Сепак, овој тренд би можел да се промени, сега кога мерките за карантин се олеснуваат во овие земји.

Некои експерти предупредуваат дека предвременото кревање на карантинските мерки може да доведе до уште еден бран на епидемијата.

Треба да се потсетиме дека премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, најпрво се залагаше за стратегијата за „колективен имунитет“ во март, но се откажа поради притисокот на јавноста.

Слични содржини