Сакрози на обвинителна клупа поради корупција

Екс претседателот на Франција, Никола Саркози, денес ќе се појави на суд како обвинет за корупција и злоупотреба на влијание.

Иако се обидуваше неколку години да ги отфрли или поништи обвиненијата, Саркози кој ја предводеше Франција во периодот од 2007. до 2012. година, сепак ќе се појави пред суд, а впрочем и ова е само прв случај од неколкуте истраги што се водат против него.

Во овој случај познат на јавноста како „афера со прислушување“, обвинителството тврди дека адвокатот на Саркози и самиот тој имале обид да го подмитат судијата Гилберт Азибер за да им даде тајни информации од посебната истрага што се води против екс францускиот претседател.

Како што се наведува, Саркози на судијата му понудил, пријатно работно место на Азурниот брег.

Имено, Саркози е дел од повеќе судски предмети меѓу кои обвинувања дека починатиот либиски лидер Моамер ал-Гадафи нелегално ја финансирал неговата кампања, како и примање наводно мито од продажба на оружје во Пакистан.

Слични содржини