Салах „го обвини“ Клоп за неговите добри перформанси

од Vladimir Zorba

Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах изјави дека неговата висока ефикасност во минатата сезона се должи на офанзивниот стил на менаџерот на „црвените“ Јирген Клоп.

„Нашиот стил на игра многу ни помага. Клоп често сака јас секогаш да бидам во центарот на настаните и да сум колку може поблиску до голот на противникот. Тој знае како да извлече максимум од своите офанзини играчи“, вели Салах.

„Само погледнете колку голови постигнавме во Премиер Лигата и во Лигата на шампионите. Од првиот ден, Клоп ме смета за свој пријател. Ние сме многу блиски, иако тој е шеф, а јас сум играч“.

„Високото ниво на моите пријатели во тимот и нивната желба да ми помогнат да бележам исто така е важен фактор за мојот успех. Секојдневно работам напорно со желба да станам подобар“, рече Салах.

Египќанецот минатото лето пристигна во Ливерпул од Рома и одигра одлична сезона на „Енфилд“. Мохамед постигна 44 гола на сите натпреварувања, од кои 32 во англиската Премиер лига.

Слични содржини