Никола Груевски, Трајко Вељаноски, Зоран Заев и Бранко Црвенковски досега до претседателот Ѓорѓе Иванов испратиле писмено барање да бидат избришани од списокот на помилувани. Не се согласуваат Иванов да ги аболицира и да немаат можност по судски пат да ја докажат својата невиност. Меѓу оние кои најави дека не се согласува со одлуката на шефот на државата е и екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, а последен кој најави дека не ја прифаќа аболицијата е градоначалникот на Битола Владимир Талески. Претседателот на државата по бурните реакции на јавноста на помилуваните им порача дека доколку не се согласуваат со неговата одлука писмено да го известат.

 ivanov-2-670x528

Правните експерти пак порачуваат Иванов да ја повлече одлуката. Професорот Осман Кадриу во потегот на претседателот препознава општа амнестија но не и аболиција. Според него има услови одлуката на Иванов да се најде пред уставните судии.

Досега Ѓорѓе Иванов помилува 56 лица под сомнение за сторен криминал. Меѓу нив рекоредери по бројот на аболиции се екс министрите Миле Јанакиески и Гордана Јанкуловска. Пет пати помилуван е Никола Груевски, додека неговиот братучед и поранешен прв човек на УБК помилуван е шест пати. На списокот на аболирани се најде и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, Зоран Верушевски како и поранешниот претседател на државата Бранко Црвенковски.

извор: 24Вести

Слични содржини