Само што се врати од меден месец принцот Хари веднаш се “фати” за работа

од desk2

Кога станува збор за кралски меден месец, очигледно нема одмор. Принцот Хари само што се врати од медениот месец со Меган, воопшто не губи време и веднаш се “фати” за работа.

Тој прифати да ја води летната гала вечер за собирање донации во палатата Кенсингтон, за да им помогне на иницијативата On Side Youth Zones, додека ко-водител му бил комичарот Дејвид Валајамс.

Хари изгледаше навистина добро, се смееше и шегуваше со гостите на настанот кој треба да собери пари за “зони” за млади луѓе на возраст од осум до 19 години. Во овие зони, младите можат да го поминуват своето време во забава и спорт, а особено се наменети за посиромашните заедници.

Комичарот го најави принцот како “оженет човек”, што ги насмеа гостите. Меган не се појави на овој настан, а деталите од нивното патување останаа строго чувана тајна.


Тие останале во Обединетото Кралство уште неколку дена после венчавката на 19 мај, бидејќи присуствувале на роденденската забава на принцот Чарлс, кој наполни 70 години. Меган и Хари од тој настан не се видени заедно, со оглед дека уживаа во луксузниот резорт во Канада, Fairmont Jasper Park Lodge.


Иако на првиот јавен настан Хари се појави сам, тие наскоро ќе присуствуваат на церемонијата Trooping The Colour во чест на 92 роденден на кралицата Елизабета Втора. Хери и Меган на свеченоста би требало да пристигнат во кочија и да им се придружат на останатите членови на монархијата на балконот на Бакингамската палата.

Слични содржини