Санчез: Итно да се зголемат трошоците за одбрана ширум Европа

од Vladimir Zorba

Шпанскиот премиер Педро Санчез истакна дека е неопходно итно да се зголемат трошоците за одбрана ширум Европа за да се биде подготвен да се спротивстави на руската „агресија“.

Европскиот безбедносен и одбранбен сектор, како што истакна Санчез, беше запоставен, што резултираше со инвестициски недостиг од 56 милијарди евра, објави „Јуровикли њуз“.

„Имаме помалку опции, страдаме од дигитални ранливости кои се влошуваат со порастот на вештачката интелигенција, имаме сериозни недостатоци во одбранбената индустрија, и покрај фактот што европската економија е седум пати поголема од руската економија“, рече Санчез.

Слични содржини