Санкции за 9 комбиња и автобуси во Тетово поради техничка неисправност

од Nikola Popovski

Денеска од 6 до 10 часот, полициски службеници на СВР Тетово спровеле акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, во најголем број на комбиња, во која се изречени вкупно 9 мерки( ТЕ-2 и ГВ-7), односно на гостиварското подрачје биле откриени и санкционирани две возила- возачи поради неисправни сопирачки,едно поради неисправен уред за управување и четири со неизвршен технички преглед.

Покрај ова, санкционирани се и двајца возачи(ТЕ) кои нерасполагале со потребните документи за вршење јавен превоз.

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, додека три возила веднаш се исклучени од сообрачај.При контролата, исто така, санкционирани биле и 2 (ГВ) други видови прекршоци.

Слични содржини