Санкционирани 101 сообраќаен прекршок во Гостивар

од Aleksandar Petrovski

Во засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, кои беа спроведени вчера, во поширокиот гостиварски регион биле изречени 101 мерка.

Полициските службеници на ОВР Гостивар на повеќе пунктови извршиле 144 контроли.

Според информациите од СВР Тетово, меѓу најбројните прекршоци биле истечен рок на регистрација на возило (28), за непоседување возачка дозвола – 17 и девет за погрешно паркирање. Меѓу контролираните имало и десет лица кои не носеле заштитни маски.

Изминатава недела, откако засилено се контролира паркирањето на возила по гостиварските сообраќајници, санкционирани се 70-тина возачи, чии возила се подигнати со „Пајак” на ЈП Паркинзи и зеленило. Најмногу погрешно паркирани возила имало по улиците „ЈНА”, „Браќа Ѓиноски” и „Илинденска”.

Слични содржини