Саутгејт сака промени во правилата пред ЕП 2024 година

од Vladimir Zorba

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт, се приклучи на друштвото на тренери кои се повеќе ја критикуваа УЕФА за неподготвеноста на европската фудбалска централа да ги промени правилата во однос на повици на репрезентативци за претстојното Европско првенство.

Се повеќе тренери изразуваат мислење дека големиот обем на работа на играчите и многуте повреди во текот на сезоната го прават неопходно зголемување на составот на екипите. Неколку селектори веќе се расправаа за тезата дека моментално планираните 23 играчи треба да се зголемат на 26, за тренерите да имаат поголем душевен мир при евентуални повреди.

„Има уште еден состанок на УЕФА каде што имаше разговори меѓу некои од тренерите за евентуално зголемување на бројот на играчи. Мораме да ги донесеме најдобрите одлуки со она што го имаме, а некои од нив ќе се базираат на медицината. Успеавме да ги направиме вистинските работи на претходните турнири, успеавме да им дадеме повеќе време за игра на повеќе играчи, но со 23 играчи дефинитивно е потешко“, изјави Саутгејт.

Само во последната недела Саутгејт беше принуден да ги ослободи Хари Кејн и Букајо Сака уште пред почетокот на двата пријателски натпревари, а на средбите се повредија и Хари Мегваер, Џон Стоунс, Кајл Вокер и Сем Џонстон.

Слични содржини