СДСМ го осуди и се огради од нападот врз штабот на ВМРО ДПМНЕ

од Vladimir Zorba

СДСМ денеска излезе со соопштение во кое го осудува нападот на централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ и секаков друг вид на насилства коишто ја загрозуваат безбедоста.

Како одговорна партија, отфрламе каква било поврзаност со случајот, се вели во соопштението, и се дополнува дека СДСМ никако не може да биде виновен за поделбите внатре во опозициската партија.

До реакцијата на владеачката партија дојде откако по синоќешниот протест против промена на името, беше фрлено со црвена боја врз зградата на централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, а партијата обвини дека штабот е нападнат и каменуван.

Од опозициската партија се сомневаат дека одговорност за нападот имаат структури блиски до власта кои дејствувале по принципот на шарената револуција, “со цел, да го втурнат ВМРО ДПМНЕ во насилство за полесно да се делегитимира борбата против договорот за името”.

Според СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ мора конечно да ја напушти поразената матрица на конфликт, деструкција и поделби, да покаже елементарна политичка одговорност и во интерес на граѓните да се одлучи ЗА македонската иднина

Слични содржини