СДСМ инсталираше 283 мегавати зелена енергија-ВМРО-ДПМНЕ само 18, порачаа од партијата на власт

од Nikola Popovski

Очигледна е разликата меѓу резултатите и одговорното владеење на СДСМ и катастрофата и хаосот што ги правеше ВМРО-ДПМНЕ цели 11 години. Во време на ВМРО-ДПМНЕ беа инсталирани 18 мегавати од обновливи извори на енергија, додека во време на СДСМ инсталирани се 283 мегавати, а од нив, 200 мегавати се инсталирани и веќе вклучени на мрежат само во изминатите година и три месеци, порачаа утрово од СДСМ.

Според партијата на власт, „додека во време на ВМРО-ДПМНЕ инвестициите во енергетиката беа привилегија само за неколкумина блиски до Белиот дворец, денес секој може да инвестира и да ја продава електричната енергија и тоа за првпат на македонска берза за електрична енергија“.

-Сето ова се големи, суштински разлики помеѓу посветената работа на СДСМ и штетното дејствување на ВМРО-ДПМНЕ, истакнуваат од владеачката партија.

Слични содржини