СДСМ: Наместо да повика на масовна вакцинација, Мицкоски поттикнува протести

од Берта Китинска

ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски стои зад организацијата на срамните протести на кои здравствените работници беа наречени „убијци“, соопштија од СДСМ.

-Дали за Мицкоски убијци се докторите и медицинскиот персонал кои го лекуваа додека беше заразен со Ковид-19?

Дали за него убијци се оние кои повеќе од една година се на првата линија на фронтот давајќи се од себе во борбата против коронавирусот?

Наместо да повика на масовна вакцинација, Мицкоски поттикнува протести на кои се напаѓаат здравствените работници и се загрозува јавното здравје.Токму поради ваквото нечесно, несериозно делување кое претставува опасност по јавното здравје, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ одново ќе бидат казнети од граѓаните на следните избори, стои во соопштението од партијата.

Слични содржини