СДСМ: Референдумот што го бара Мицкоски е само за внатрешна употреба во ВМРО-ДПМНЕ

од Nikola Popovski

Референдумот што Христијан Мицкоски го бара е само за внатрешна употреба во ВМРО-ДПМНЕ и спас на неговата фотелја во Белиот дворец, соопштија утрово од СДСМ.

Од партијата појаснуваат дека идејата на Мицкоски за референдум нема поддршка ниту кај коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, ниту кај останатите опозициски партии.

-Таквото барање за референдум за кое Мицкоски не ја знае ниту формата ниту прашањето е единствено со цел да го манипулира членството на партијата откако му пропаднаа сите обиди да ја закочи и дестабилизира државата. Мицкоски е осамен и изолиран, негов единствен партнер е проруската Левица предводена од Димитар Апасиев, велат од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе спроведува консултации со уставни и експерти по меѓународно право како да го формулира референдумското прашање.

-Морам да признам дека после подолго време за прв пат можеби сме на иста бранова должина со Пендаровски, во таа насока и јас размислувам да излезам со формулација на прашањето пред Извршниот комитет, но и пред граѓаните. Но и очекувам Пендаровски потоа да ги повика и останатите политички партии во Македонија, доколку таа биде суштината на прашањето и да излезат на референдум, изјави вчера претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

Слични содржини