СДСМ: Се враќаат долговите од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ

од Vladimir Zorba

Факт е дека Владата предводена од СДСМ одговорно управува со јавните финансии, ја намалува фреквенцијата на задолжување и редовно ги сервисира наталожените долгови, велат од СДСМ во партиско соопштение.

„Со дел од средствата од вчерашните аукции се враќаат стари долгови направени од ВМРО-ДПМНЕ. Овие средства се обезбедени со пониски камати во однос на аукциите во минатото кога се движеле и до 4,60%.

Само во месец јуни по основ на претходни долгови, односно за претходно издадени државни хартии од вредност за исплата доспеваат речиси 30 милиони евра.

Лицемерна е ВМРО-ДПМНЕ.

После економскиот пустош што го направи, кога граѓаните и државата беа задолжувани и осиромашувани само за да се остваруваат нечии криминални интереси, ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува за задолжувања.

Владата предводена од СДСМ продолжува со одговорно и домаќинско управување со јавните финансии. Со таквите политики, се отвораат можности за сериозен пад на јавниот долг за неколку години, откако ќе бидат исплатени старите задолжувања оставени од ВМРО-ДПМНЕ, кои со каматите изнесуваат над 2 милијарди евра,“ пишува во соопштението.

Слични содржини