СДСМ: Со антикризните мерки за 4.000 денари се намалени месечните сметки за граѓаните

од Берта Китинска

Владата предводена од СДСМ во услови на најголемата криза, презеде навремени и ефикасни мерки вредни 400 милиони евра за заштита на економскиот стандард на граѓаните, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата додаваат дека ДДВ за основните производи го намалиле од пет на нула отсто. Да не беше тоа намалување, граѓаните во просек секој месец ќе плаќаа по 1.500 денари повеќе.

-Ги укинале царинските давачки за увозот на основните прехранбени производи.Ја намалиле акцизата за горивата и го намаливме ДДВ за енергенсите од 18 на 10%. Доколку го немаше ова намалување, секој граѓанин ќе плаќаше 300 денари повеќе.Силно ги субвенционираат граѓаните за елетрична енергија која би била дури 80% поскапа.Благодарение на сите овие антикризни мерки, месечните сметки на граѓаните се намалени за 4.000 денари, се вели во соопштението.

Слични содржини