СДСМ: Среде зима извезуваме струја – демантирани се сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ

од Nikola Popovski

Во време на светска енергетска криза обезбедена е ценовната стабилност кај електричната енергија, сигурна и стабилна испорака на струја до сите во државата, порачаа утрово одд СДСМ.

Додаваат дека освен што се задоволуваат 100 отсто од потребите, среде зима се врши и извоз на вишоци електрична енергија од домашно производство.

-Намалена е и цената на струјата за 20 проценти, за околу 70.000 мали компании, коишто се на регулираниот пазар, 99,2 проценти од домаќинствата немаат зголемени цени на електрична енергија. ВМРО-ДПМНЕ молчи. Демантирани се сите нивни лаги и невистини со кои ширеа страв и паника кај граѓаните. Во една од најпредизвикувачките зими нема рестрикции, туку вишоци на струја, истакнаа од владеачката партија.

АД ЕСМ на 14.01.2023 година произведе 18.543  MWh електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи. При тоа ЕСМ продаде 330 MWh ноќни вишоци електрична енергија.

Слични содржини