Се бројат жртвите од тајфунот Хагибис во Јапонија- засега 70 мртви и 15 исчезнати

од desk2

Во налетот на тајфунот Хагибис во Јапонија досега погинале 70 лица, а 15 се водат за исчезнати, јави телевизијата НХК за новиот биланс на настрадани.

Повеќе од 200.000 спасувачи учествуваат во потрагата по преживеани во подрачјето каде мина тајфунот.

Тајфунот предизвика свлечишта, во кои голем број куќи се уништени и оштетени.

Хагибис во саботата зафати област што се наоѓа јужно од Токио.

Во централните и северните делови на Јапонија невремето беше пропратено со обилни дождови и силен ветар.

Слични содржини