Се мапираат јавни институции кои се греат со нееколошки системи со цел да се направи замена за еколошка алтернатива

од Vladimir Zorba

„Комуницираме директно со јавните објекти и ги проверуваме податоците. Се случува дел од институциите да обезбедуваат алтернативно гориво кое е нееколошко, но тоа не значи дека се загреваат на тоа. Правиме мапирање и тие податоци ќе ги искористиме за понатамошни активности кога ќе работиме за финансирање на проекти за замена на системите за загревање“ рече министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова во „24 анализа“ на ТВ24.

Таа додаде дека кога ќе се заврши мапирањето, кое ќе биде јавно објавено, министерството ќе има јасна слика за тоа кои објекти се уште се греат на мазут или други енергенси кои треба да се заменат.

„Очекувам во 2024 година да имаме нешто првично што ќе може да го презентираме. Ние паралелено со тоа работиме на замена на нееколошките системи за греење. Во моментов почнува проект со средства на ЕУ во вредност од 10 милиони евра кој се фокусира на 4 градови – Скопје, Битола, Тетово и Куманово“ рече Шукова.

Министерката објасни дека со 5,5 милиони евра од проектот ќе се набават системи за замена на нееколошкото греење во овие градови, додека со 3,3 милиони ќе се набават нови автобуси на гас.

Слични содржини