Се очекува пороен дожд во попладневните часови

од Nikola Popovski

УХМР предупредува дека претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне на повеќе места и особено во источните делови ќе има нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите ќе бидат поинтензивни.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 24 до 34 степени.

-Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за појава на краткотрајна нестабилност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој повремено ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 31 степен, соопштуваат од УХМР.

Слични содржини