Се огласи Џонсон откако Трас беше избранa за негов наследник

од Vladimir Zorba

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон денеска и честиташе на наследничката Лиз Трас за нејзиниот избор за нов лидер на конзервативците и ја повика владејачката партија да и даде целосна поддршка.

– Знам дека таа има вистински план за борба против регионалната нееднаквост, за проблемот со животниот стандард и обединување на Конзервативната партија. Сега е време сите конзервативци да застанат зад неја 100 проценти – напиша Џонсон на Твитер.

Денеска Трас го победи поранешниот министер за финансии Риши Сунак на внатрепартиско гласање во трката за претседател на владејачката Конзервативна партија.

Таа ќе стане премиер кога кралицата Елизабета Втора ќе ја покани да формира нова влада утре на приемот во замокот Балморал во Шкотска.

Претходно оставката на кралицата треба да и ја предаде поранешниот британски премиер Борис Џонсон, кој поднесе оставка на 7 јули.

Слични содржини