Се огласи Елена Ристеска по написите дека била физички нападната

од Stefanija Kuzmanovska

Во последниве два дена во медиумите кружи веста дека пејачката Елена Ристеска била нападната во угостителски објект во Скопје за што се огласи и полицијата.

„Денеска (23.10.2023) во 02.30 часот во СВР Скопје, Е.Р.(37) од Скопје пријавила дека во угостителски објект на подрачјето на Центар со тврд предмет била физички нападната од Е.Т.(женско лице). Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, стои во билтенот на МВР.

Триесет и седумгодишната Ристеска денеска се огласи на Инстаграм во врска со немилиот настан и наведе дека истиот навистина се случил.

„Чувствувам должност и почит спрема целата јавност и новинарите да ви се обратам околу натписите каде се споменува моето име.

Да, точно е дека имаше обид за напад кон мене, но за истото е поднесена кривична пријава и очекувам полицијата да го разреши случајот. Очекувам поддршка од сите вас бидејќи ова ми се случи без причина и повод.

Не се грижете јас сум добра, ви благодарам на сите кои ми пишувате да изразите поддршка. После 21 година кариера, градење на име и реноме на пристојна и нескандалозна личност, ова за мене е нешто што мислам дека најмалку сум го заслужила и го гледам како обид да се извалка моето име.

И покрај сето ова, јас продолжувам да пеам за моите фанови“, напиша Ристеска на својот Инстаграм профил.

Слични содржини