Се огласи наводната љубовница на Вилијам: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

од Симе Стоиков

Сара Роуз Ханбери (40) очигледно сака да биде исклучена од љубовниот триаголник во кој е вмешана со принцот Вилијам и Кејт Мидлтон. Со оглед на тоа дека не престануваат шпекулациите за нејзината врска со Вилијам, а деновиве и Кејт беше видена во продавница со сопругот, Сара Роуз се огласи околу се.

„Приказните се целосно невистинити“, рече таа преку своите адвокати во саботата на 16 март. Таа негираше дека принцезата од Велс исчезнала од очите на јавноста затоа што дознала дека Сара Роуз и принцот имале многу блиски односи.

А како Сара Роуз се вклучи во целата приказна? Па, водителот Стивен Колбер во своето шоу „The Late Show With Stephen Colbert“ рече:

“Се плашам дека имам некои сериозни вести за британското кралско семејство. Интернет детективите шпекулираат дека отсуството на Кејт има врска со нејзиниот сопруг, идниот крал на Велика Британија, Вилијам, кој има афера.
.
Мислам дека сите знаеме кој е другата наводна жена, кажете заедно со мене, маркиза од Чолмондели (титулата на Сара Роуз Ханбери). Имаше приказни за тоа како започнала аферата меѓу Вилијам и неа во 2019 година. Според таблоидите, тогаш Кејт се соочила со него за тоа, на што тој се насмеа и рече дека нема ништо помеѓу нив.

Слични содржини