Се подготвува спектакуларен трансфер – Дурент преговара со Бостон

од Vladimir Zorba

Американската кошаркарска суперѕвезда Кевин Дурент започна преговори со Бостон!

Оваа информација ја пренесе добро информираниот новинар Адријан Војнаровски, кој изјавил дека Џејлен Браун може да оди во Бруклин.

Трејдот би вклучувал и неколку пикови од идните драфтови, на кои право би имале Нетс, а Кеј Ди е исклучително „загреан“ да го носи дресот на познатата НБА франшиза.

Покрај Селтикс, Дурент го бараат и Мајами, Феникс и Торонто, но „детелините“ се најблиску до доведување на големо засилување.

Триесет и тригодишниот Дурент минатата сезона имаше просек од 29,9 поени, 7,4 скока и 6,4 асистенции по натпревар.

Слични содржини