„Се проверуваат и тетоважите“: Русија објави ВИДЕО од предавањето на борците од Азовстал

од Nikola Popovski

Руското Министерство за одбрана синоќа објави видео на кое се гледа како последните припадници на Азовскиот полк ја напуштаат фабриката за челик Азовстал во Мариупол.

На видеото се гледа како руски војници ги проверуваат личните работи на војниците кои се предале, како и нивните тетоважи, пренесува ТАС С.

Министерството за одбрана на Русија претходно соопшти дека целосно е ослободена фабриката Азовстал во Мариупол, а за тоа министерот за одбрана Сергеј Шојгу го информирал рускиот претседател Владимир Путин.

Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков изјави дека од 16 мај 2.439 припадници на полкот „Азов“ и други украински сили, кои беа блокирани на територијата во рамките и под фабриката, го положиле оружјето и се предале.

Тој додаде дека последната група од 531 член на украинските сили се предала синоќа.

Слични содржини