Малолетничка која управувала со мопед и автомобил се судрија вчера во штипско, по што малолетничката се здобила со тешки повреди и била пренесена во болница.

Според пријавеното, вчера попладне во 17 часот и 20 минути било пријавено дека во село Стар Караорман, штипско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „цитроен берлинго“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.М.(69) од Штип и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 15 годишна малолетничка од село Таринци, општина Карбинци.

Во незгодата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Штип.

Слични содржини