Се урна хеликоптер на југот на Турција: Загинаа двајца полицајци

од Vladimir Zorba

Двајца полицајци загинаа, а еден е повреден при уривање на полициски хеликоптер во јужна Турција, објави министерот за внатрешни работи Али Јерликаја на социјалната мрежа Икс.

Јерликаја изјави дека хеликоптерот полетал вчера од аеродромот во Хатај, дека летал кон Газиантеп и дека изгубил контакт во 22:49 часот по локално време.

Генералниот директорат за безбедност соопшти дека во хеликоптерската несреќа загинале началникот на полицијата Џемил Ѓулен и пилотот Левент Озтурк.

Хеликоптерот се урна во близина на селото Картал во областа Нурдаги во Газиантеп, додаде турскиот министер, без да ја прецизира причината за падот на хеликоптерот.

Повредениот припадник на полицијата е хоспитализиран, ја пренесува Ројтерс изјавата на турскиот министер за здравство.

Слични содржини