Седум мигранти од Куба пронајдени во возило од Гевгелија

од Vladimir Zorba

Седум мигранти од Куба пронашла полицијата синоќа во Гевгелија во возило управувано од велешанец.

Како што соопшти полицијата, синоќа во 21:30 часот во близина на фабрика на ул. „7 Ноември“ во Гевгелија полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода К.С.(63) од Велес, кој управувал патничко возило „форд галакси“, со велешки регистарски ознаки. При извршена контрола во возилото биле пронајдени седум мигранти од Куба.

Лицата се приведени во полициска станица. Во координација со Јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција против К.С. ќе биде поднесена кривична пријава, а лицата-мигранти ќе бидат сместени во Транзитниот центар Винојуг – Гевгелија за понатамошна постапка.

Слични содржини