СЕГА еден од 10-те партнер организации кои учествуваат во реализација на проектот „Права на работа, работата за правата“

од Vladimir Zorba

Коалиција на младински организации СЕГА е еден од 10-те партнер организации кои учествуваат во реализација на проектот „Права на работа, работата за правата“. Благодарение на поддршката од Европската унија, преку програмата Еразмус + во младинскиот сектор, младите од Република Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска и Словачка имаат можност детално да се информираат за своите работнички права, како истите да ги користат во работното опкружување, но и да ги препознаат негативните појави и достапноста на механизмите на заштита.

Фокусот е ставен на фактот дека задоволен работник е најпродуктивен и за тоа е важно навремено да се информираат младите за нивните права но и за нивните обврски што произлегуваат со самото вработувањето.

Проектот се имплементира од декември 2018 година и започна со истражување на млади вработени за тоа колку ги користат своите права од работен однос и положбата во нивното работно опкружување. Истражувањето е спроведено на 1000 млади вработени во јавниот сектор а го реализираше Центарот за напредни студии на Југоисточна Европа – Универзитет Риека од Хрватска. Резултатите покажуваат дека нивото на информираност на младите за своите работнички права се на многу ниско ниво во нашата држава.

Следејќи ги потребите на младите анкетирани, обучени врснички едукатори – млади активисти на синдикатите од вклучените земји во текот на летото разговараа за најразлични теми кои ги засегаат младите а тоа се мобингот, правото на породилно отсуство, боледувањето, употреба на слободни денови за дополнително образование и многу други прашања од областа на Законот за работните односи кои ги интересираат младите вработени.

Повеќе од 200 млади луѓе од Северна Македонија досега учествуваа на овие работилници и добија информации од прва рака.

Наспроти работата со младите, проектот изработи информативен и едукативен видео материјал, но исто така изработи и брошура „Водич низ правата од работен однос на младите, појави кои ги загрозуваат и механизмите на заштита“ која е со бројни примери од пракса, а направена е на јазик разбирлив за младите.

„Резултатите од овој проект, заеднички со препораките за продолжување на оваа тема не се важни само за младите луѓе, туку и за сите вработени, а ќе бидат претставени на завршната конференција која ќе се одржи во Белград на 28 – 29 ноември, со претставници на меѓународни институции и државните органи од секоја држава. Идејата на проектот е да ја подигнеме свеста на младите вработени, со намера да се подигне свеста и во работното опкружување. СЕГА ќе продолжи да работи на оваа тема.”, изјави Зоран Илиески, Извршен директор на СЕГА и координатор на проектот од организација.

Слични содржини