Сеќавање во вид на мече: Жена нашла одличен начин како ги зачува спомените (ФОТО)

од Elena Daskalova

Мери Мекинс добила одлична идеја како облеката и предметите кои некогаш припаѓале некому да ги претвори во одличен спомен за оние кои ги сакале.

Тука спаѓаат облека и лични предмети на личности кои починале, на миленичиња, или пак на деца кои ја „израснале“ облеката.

Таа се води од идејата дека секој предмет кој припаѓа на личност или милениче кое многу ни значело, има неверојатна сентиментална вредност, но и дека во својата вообичаена форма може да ни предизвика тага и болни спомени. Затоа одлучила да ја спроведе на дело својата идеја и од тие предмети да изработи играчка, која ќе послужи како сеќавање на оние кои никогаш нема да ги заборавиме.

Да не должиме многу со зборови, погледнете дел од нејзините изработки на фотографиите во продолжение, а за повеќе можете да ја разгледате нејзината страница на Фејсбук:

Слични содржини