Секогаш е во сенка на другите, но за овој принц велат дека е најзгоден на светот (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Шведската принцеза Софија и принцот Карл Филип минатата година станаа главна тема на медиумите, откако го добија третото дете. Сепак, самиот принц Карл Филип често е коментиран од обожавателите, особено на социјалните мрежи.

Иако шведското кралско семејство не е секогаш во центарот на вниманието, а светот посветува многу повеќе внимание на британското кралско семејство, се вели дека принцот Карл Филип е најзгоден од сите членови на кралските семејства.

Неговите фотографии од плажа, без кошула и во шорцеви за капење станаа вирални на Твитер.

Твитерџиите велат дека тој е еден од најзгодните принцови на светот.

Принцот Карл Филип и принцезата Софија се верија на 27 јуни 2014 година.

Во бракот, парот има три деца.

Слични содржини