Секој знак има свој алкохол: Кој е пиво, кој вино, кој ракија?

Овен
Бидејќи сакате од се да правите циркус, вие сте коктел. Слаткоречиви сте, слатки, фаќате на изненадување, несвест и шаренило.

Бик
Вие сте како ликер. Удирате силно, одненадеш и оставате црни дупки. Партнерот после вас е жеден, болен и се кае поради се.

Близнаци
Вие сте како вино. Не се поубави со староста, но дефинитивно сакаат да лажат. Чекаат сами да се сопнете и да паднете на нив, а потоа ве освојуваат така што ни сами не знаете што ве снашло и ве вртат како да сте уклучени на центрифуга.

Рак
Вие сте како ракија – штипете за очи и гребе за грло, но после третиот пат сакате повеќе. Кога ќе се препуштете плачете над својата судбина, но немате каде да побегнете. Што повеќе сте со нив, се повеќе поприма особините на текила: мора да се зачини за да уживате, често се конзумира преку некој друг напиток.

Лав
Тој е рум. Има доза на слаткост доволна да ве заведе, но доколку немате кондиција – зезнати сте. Многу е силен и удира до бессвест. Најдобро да го консумирате со колачи и тоа само понекогаш, доколку не сакате пола живот некој да ве удира во мозок.

Девица
Девицата е како водка, чиста, стерилна, без некој силен вкус и мирис, но удира како елементарна непогода, агресивно одлучно и до крај.

Вага
Како мартини, се консумира кога не можете да се одлучите што сакате, ниту дали сте гладни или жедни. Обично тогаш кога не е ниту време, ниту место.

Скорпија
Таа е како апсинт. Удира дирекно во душата и мозокот. После неа ќе се чувствувате како пропаднат поет кој талка низ светот и ќе живеете само во соништата.

Стрелец
Тој е како пелинковац. Има тревка за секоја болка и гума за секој карактер. Опива темелно и до лудило и ве остава да жалите што не застанавте по третата чаша.

Јарец
Јарецот делува како пиво. Освежува во мали количини, а доколку му се препуштите, ќе мокрите во секоја дупка. Ви се превртува во стомакот и ве боли желудникот.

Водолија
Таа е како џин. Ве навлекува со шеќерот, ве фрла на кревет, ви ја подига температурата и на крај ве отфрла како партал.

Риби
Тие се како виски, резервирани, преценети и ги препорачувате на другите, а доколку им се препуштите, утредента ќе сте како од поплава „исфрлени“.

Слични содржини