Села не бара извинување од Мицкоски за настаните од 27-ми април

од Nikola Popovski

„Ова прашање ви е од Артан Груби или од кого, бидејќи иста изјава имаше и тој…“, одговори лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села на прашањето на новинарката на емисијата „24 анализа“ како ќе им каже на неговите симпатизери да гласаат за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, после се што се случи на кобниот 27-април.

Тој вели дека зборувале со Мицкоски за локалните избори, за иднината на граѓаните и констатрале дека наместо да се гради правна држава, се оди во спротивна насока.

-Нема потреба Мицкоски да ми се извини за 27 ми април, повеќе треба да ми се извини Зоран Заев. Јас сум овекот што го спаси на тој ден, додава Села.

Слични содржини