Селими: На избори ќе видиме дали блокадите на ВМРО-ДПМНЕ вродиле со плод

од Nikola Popovski

Сефер Селими од „Democracy Lab“ смета дека е неопходно да имаме отворени листи за изборите.

-Политичките партии се воглавно концентрирани кон лидерот на партиите. Тој може да си носи одлуки без да ги праша другите членови на партијата и таа одлука да ја соопшти информативно. Затоа лидерските средби се место каде што се носат покрупните одлуки. Сите лидери моќта ја имаат концентрирано во нив, вели Селими.

Според него, активната блокада на ВМРО-ДПМНЕ на Собранието се легитимно демократско право, се додека нема насилни активности.

-За тоа дали се добри или не протестите или блокадите, ќе видиме на избори, дали граѓаните ги одобруваат или не, дали е антидржавно или не, рече Селими во емисијата „Топ тема“.

Слични содржини