Селмани: Тие што повикуваа на бојкот на пописот да излезат и да дадат објаснување за мотивите

од Берта Китинска
410 прегледи

За поздравување е фактот дека како држава успеавме конечно после 20 години да спроведеме попис, една статистичка операција која треба по правило да се спроведе на секои 10 години како во Европа така и во цел свет, вели во разговор за „Локално“, поранешниот пратеник и министер Имер Селмани.

Тој појаснува дека во сите земји оваа статистичка операција има цел исклучиво за демографски, економски и развоји цели и не се политизира, но кај нас таа има и политички последици, поради кои како што објаснува аналитичарот секогаш оваа операција е цел на политички толкувања и напади.

-Сигурно дека бројките се одраз на ситуацијата во државата поготово во делот на иселување на младите и намалување на населението кај најголем број на општини и населени места. Едноставно треба сите да се подзамислиме, а поготово политичарите да превземат одговорност, каде не води овој пат кога за овие 20 години населението ни е намалено за повеќе од 9%!, вели Селмани, додавајќи:

„Секој што бојкотира, поготово попис кој за прв пат после осамостувањето на нашата држава се смета за инклузивен е против себе и интересите на својата држава“.

Поради политичките реперкуси во смисла на политички права на етничките заедници кои произлегуваат од нашиот Устав и законите, според Селмани очекувано било дека позицијата и опозицијата ќе си упатуваат критики и дека нема сите да бидат задоволни од резултатите.

Во врска со барањата на Демократскиот сојуз дијаспората дополнително да се преброи , аналитичарот коментира дека нејзиното попишување било на доброволна основа и дека дел од домашни чинители ја повикувале на бојкот.

-Спроведениот попис беше инклузивен и ја опфаќаше и дијаспората, таа е самопопишана и како бројка е околу 260.000, секако помалку од тоа што очекуваме дека ќе се попишат. Меѓутоа попишувањето на дијаспората беше на доброволна основа и факт е дека некои домашни чинители ја повикува на бојкот. Тие што повикува на бојкот треба сега да излезат и да дадат објаснување за мотивите нивни, појанува тој.

Според него пописот е признат од сите поголеми политички парти, дополнувајќи дека секогаш ќе има незадоволни поединци или помали чинители.

-Сите имаа можност да дадат придонес за успешен попис, истиот несвојствено поради пандемијата траеше многу повеќе од тоа што првично беше со закон предвидено. Дел од тие што сега се жалат не се потрудија воопшто да имаме лесен, поуспешен и поинклузивен попис, смета аналитичарот.

За тоа колку бројките ќе бидат „погодни“ за политичките партии во нивните идни пропаганди со сеење страв и за тоа дали следат можеби нови етнички тензии по овие резултати, Селами децидно вели:

„Не очекувам дека народот ќе им праи „ќеиф’ на политичарите да секогаш кога ќе им треба политичка криза да им ја испорача. Народот бара сигурност, правда, економска благосостојба и перспектива за младите“.

Тој напоменува дека следниот попис може да се очекува порецизи бројки, но за тоа дас се оствари како што вели аналитичарот потребни се веродоствојни електронски бази на податоци.

Б.М.

Слични содржини