Сенегал: Уапсени двајца здравствени работници поради пожарот во породилиштето

од Stefanija Kuzmanovska

Сенегалските власти уапсија двајца здравствени работници од одделението каде минатата недела во пожар загинаа 11 новороденчиња.

Медицинска сестра и помошник на медицинската сестра кои биле на должност во средата навечер кога избувнал пожарот во болницата Абдул Азиз Си Дабах, биле уапсени поради занемарување на децата и загрозување на животите на другите, според извештаите на приватната радио станица Сенегал Рфм, пренесе АП.

Според американската агенција, апсењата се случиле вчера, неколку дена откако претседателот Мекеј Сал ветил полициска истрага и истрага од државниот генерален инспектор за да се утврдат причините за пожарот.

Слични содржини