Серена казнета зашто не присуствуваше на прес-конференција

од Vladimir Zorba

Американската тениска ѕвезда, Серена Вилијамс, беше казнета од WTA со 1.000 долари.
 
Ова беше одлучено откако младата мајка, која неодамна се врати на теренот по раѓањето на ќерката Олимпија, не се појави на задолжителната прес-конференција по елиминацијата уште во првиот круг на „Мастерс“ турнирот во Мајами.
 
Сепак од WTA се смилуваа над Американката и ѝ наметнаа минимална казна за вакво обвинение, бидејќи тоа е првото за Серена оваа година.
 
Вилијамс одби да се појави пред медиумите откако сензационално отпадна од Јапонката Наоми Осака, по 3:6, 2:6.
 
Ова беше втор последователен пораз за Серена.

Слични содржини