Сестрата на Мајли Сајрус зависна од антидепресиви

од Stefanija Kuzmanovska

Ноа Сајрус се отвори за нејзината зависност од Xanax и како се обидела да се одвикне од антидепресивот.

Во изјава за магазинот „Ролинг Стоун“, помладата сестра на поп-ѕвездата Мајли Сајрус изјави дека првпат почнала да користи Xanax кога имала осумнаесет години. Сега има дваесет и две години.

„Моето момче во тоа време, кога имав 18 години, беше првиот човек што ми даде Xanax, и тоа стана начин да се поврземе“, рече таа.

„Мислам дека само сакав да се вклопам со него“. Мислев дека е кул што сите се на антидепресиви. Кога сфатив дека тој лек ме тера да се чувствувам опуштено и без стрес, веќе беше доцна, станав зависна“, рече таа.

Таа се присети на моментот кога толку многу се дрогирала што не можела да направи интервју кое било претходно закажано.

„Главата ми паѓаше, очите ми се затвораа, не можев добро да зборувам“, рече таа.

Таа вели дека во август 2020 година, нејзината баба починала, а таа цело време користела Xanax и не можела да биде со семејството.

„Ми требаше некое време да се симнам од Xanax и да ги пребродам анксиозноста и депресијата што следеа. Музиката ми помогна да закрепнам“, рече таа.

Слични содржини